Daiseikai 9 е збир на добар дизајн, удобност и највисока енергетска ефикасност. Совршените технички карактеристики на внатрешната и надворешната единица во комбинација со вечно модерниот дизајн, високо квалитетниот филтер за воздух, распределбата на воздухот во 3 димензии ги задоволуваат сите ваши желби за премиум клима уред.
Системот нуди ладење и греење според највисокото можно рангирање, тоа во комбинација со исклучителен SEER до 10.50 и SCOP до 5.20, означува дека вие добивате најдобри перформанси во класат преку целата година.
Моделот DAISEIKAI 9 го користи Плазма прочистувачот на воздух, технологија со која се креира, чиста и здрава околина. Плазма филтерот со јонизатор апсорбира и неутрализира честички помали од 0,001 μm, како што се ситна прашина, полен, спори на мувла и вируси. Сребрените јони кои се произведуваат исто така имаат силно антибактериско дејство. Оваа функција може да се активира со едно копче, со употреба на неколку фази на филтрација, воздухот се прочистува од чад и миризби, истовремено се ”заробуваат” честичките прав и полен. Нелепливиот изменувач, кој е специјално обложен, успешно ја одбива нечистотијата и прашината, со тоа истиот е чист и го оддржува воздухот чист.
DAISEIKAI 9 нуди извонредни перформанси во сите клими и во сите временски прилики. Инвертерот на Toshiba, комбиниран со технологијата Twin Rotary компресор ги максимизира енергетските заштеди и со тоа DAISEIKAI 9 овозможува најголем можен работен опсег.