Назад нагоре

Информации за достава и производи

Мој Профил

Регистрација

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во левото мени да кликнете на МОЈ ПРОФИЛ. Потоа Ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк. Со притискање на тој линк, Вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секој нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил.

Билтен

Доколку сакате да се зачлените и да го добивате билтенот кој Airconshop го испраќа, внесете ја Вашата email адреса во полето за зачленување.

Ако пак сакате да се одјавите од добивањето на овој билтен, притиснете го компчето unsubscribe кое се наоѓа најдолу на електронската порака/билтенот.

Општи информации

Лиценци

Аиркон  го има усогласено своето работење согласно Закон за градба на РМ
– Лиценца А за изведувач на градби
– Со Лиценца за управител на градби
– Лиценца А за проектирање на градби
Аиркон  поседува
– Сертификат за квалитет на менаџмент систем ISO9001:2008
– Сертификат за управување со животна средина ISO14001:2004
Аиркон е овластен дистрибутер и сервисер на понудената основна термотехничка опрема , како таков ја пренесува гаранцијата на врвните светски производители на опремата 3(три) години, согласно стандардни продажно-сервисни услови на сервисот на Аиркон во Скопје.

Монтажа

Монтажата како ставка не е пресметана во цената. Доколку Вие како корисник сакате монтажата да биде извршена од страна на Aircon DOO, тоа ќе биде дополнително договорено и наплатено по процесирање на нарачката.

Испорака & Достава

Рок на испорака

Рокот на испорака за производите кои се достапни во нашиот магацин е до 5 работни дена.

Достава

Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 9:00 до 16:00 часот. Ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Пред да се изврши доставата, вообичаена пракса е курирот да Ве побара на телефонскиот број кој сте сте го впишале при креирање на нарачката со цел да го потврдите терминот за достава. Доколку курирот не ве најде на дадената адреса, должен е повторно да Ве побара. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

Плаќање

Методи на плаќање

Плаќањето на производите е овозможено преку платежни картички од брендот на MasterCard и Visa. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Авторизација

Секоја направена трансакција подлежи на авторизација (период во кој парите на Вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од картичката), со цел да се потврди достапноста на нарачаниот производ.
Во работни денови авторизацијата се врши од 09:00 до 17:00 часот. Во тој период ќе добиете повратна информација дека купопродажбата е затворена.
Информациите за авторизацијата за купопродажбите по 17:00 часот во работни денови се доставуваат наредниот ден.
Информациите за авторизацијата за време на викенди и празници се доставуваат првиот следен работен ден.

Заштита и откажување на нарачка

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Уни Банка која е сертифицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

По успешно процесирана онлајн нарачка, платена со платежна картичка, Вашите средства ќе бидат само резервирани.  Откако ќе ја потврдиме залихата за вашата онлајн нарачка, ќе се изврши наплата на резервираните средства во вредност за робата која е резервирана за достава. Во случај  кога не сме во можност да Ви ги доставиме производите при процесираната нарачка и резервирани средства, ќе бидете контактирани од нашиот Онлајн тим за понатамошни инструкции. Во случај на откажување на нарачката вшите средства ќе ви бидат рефундирани во рок од 3-5 работни денови.

Промо Код

Информации

Промо кодовите ви даваат можност да добиете дополнителен попуст за одредени производи. Без оглед каков вид на код имате, процесот на купување е истиот потребно е само да го внесете промо кодот при нарачката.

Користење на Промо Код

За аплицирање на попустот од Промо Кодот потребно е да го внесете во полето кое означено ВНЕСИ ПРОМО КОД и да притиснете ПРИМЕНИ.

Ова поле ќе го најдете во кошничката откако ќе одберете производ.

Имате уште прашања?

02 30 90 500  - (Понеделник - Петок ) 9 до 16 часот