
Топлинската пумпа воздух/вода добива енергија од непосредниот воздух и ја пренесува на системот за греење. Ниските трошоци за инсталација се причина плус за лесна и економична промена на било каков постоечки систем за греење, со систем кој користи топлинска пумпа.
Ајде да пробаме да ви го претставиме начинот на работа и областите за примена на нашиот ESTIA систем.
ESTIA топлинската пумпа воздух/вода има можност да ја земе топлината од околниот воздух и со истата да ја загрее водата. Предностите тука се очигледни: наместо да добиваме топла вода за бањање или греење од гориво (нафта, пелети, дрва, плин..) или 100 % од ел. енергија (ел. печки, ел. греалки), потребната енергија, односно дури 80 проценти е од воздухот, а само 20 проценти е електрична ен. (зависно од надв. темп.). Логично, бидејќи малку ел. енергија е потребна за работата на уредот. Тоа пак значи, дека ESTIA системот штеди простор, е економичен и еколошки прифатлив споредено со останатите конвенционални системи.
ТОПЛА ВОДА, НАПРЕД МАРШ!
Прва примена на ESTIA системот
е неговата употреба за добивање
на топла вода за туширање и бањање. Тоа е особено интересно
за сите оние кои реновираат и ќе купат нов бојлер. Тука се исплати,
да се разгледа можноста за употреба на топлинската пумпа воздух/вода како алтернатива на стариот начин за загревање на топла вода.
ГРЕЕЊЕ НА КВАДРАТ
На квадрат значи: 2-зонско управување! Бидејќи имаме можност два топлински круга да имаат различни температури – како подно греење, чиј довод користи ниска температура, плус “нормално” греење со радијатори за кои треба висока температура. Информативно: Корисната температура покажува
со колку степени загреаната вода циркулира во топлинскиот груг. Додека сме на темата греење може да нагласиме, за сите оние кои реновираат и додатно опремуваат: поврзување со постоечкиот систем за греење е исто така возможен.
Да сумираме, можностите на ESTIA системот:
Времето и просторот се драгоцени посебно при градба или реновирање. Често заштедата на простор и време се одлучувачки предности. Монтажата и инсталацијата на ESTIA компонентите се изведува брзо и не ви се потребни резервоари или простор за складирање на гориво. Надворешната и внатрешната единица „Основните состојки” за добивање на топлина од воздухот. Оние кои сакаат да го користат системот само за санитарна вода често го бираат новиот модел на топлинска пумпа „MONO“ која целосно се поставува во објектот.
Без разлика за која варијанта ќе се одлучите, инсталацијата од нашиот тим трае, неколку часа, а за уредот е потребно мал простор. Тоа важи и за надворешната единица како и за компонентите кои се поставуваат во објектот.
Да преминеме на финансиите. Трошоците за набавка се ниски и освен трошоците за ел. енергија нема дополнителни тековни инвестиции. Кај ESTIA системот de facto нема потреба за одржување.
Не се грижете за соседите. Освен по некој завидлив поглед ништо друго не очекувајте, бидејќи софистицираната технологија на TOSHIBA осигурува тивка работа на надворешната единица. Имаме мноштво агрументи кои одат во прилог на ESTIA системот.