Итна поправка на климата: Што кога климата ќе се расипе?
Кога климата одеднаш ќе престане да работи, најважно е брзо да реагирате и да знаете каде да побарате помош. Во најжешките денови во Скопје, кога температурата надминува 35°C, секој момент без клима може да биде неподнослив. Пред да стигне професионален сервисер, постојат неколку едноставни проверки кои можете самите да ги направите и да откриете дали проблемот е сериозен или брзо решлив.
Во продолжение прочитајте ги советите кои ќе ви кажат што да направите кога HVAC системот ќе се расипе и како да реагирате пред да стигне сервисерот. Кога ќе престане да работи климата, првата мисла е дека дефектот е сериозен. Но, многу често причината е банална и лесно решлива. Затоа, пред да се јавите за iten servis klima Skopje , направете неколку брзи проверки.

Најпрво проверете го напојувањето. Осигурете се дека климата е правилно приклучена, погледнете дали осигурачот е испаднат и сменете ги батериите во термостатот ако има такви. Ова е најлесен начин да ги исклучите едноставните причини.
Доколку климата почне да испушта чудни звуци или мирис на изгорено, веднаш исклучете ја од струја. Чукачки звуци, свиркање или чад се сигурен знак за посериозен проблем со компресорот, вентилаторот или електрониката. Во вакви случаи не ризикувајте – потребна е итна интервенција од HVAC сервис во Скопје.
Друг чест проблем е слаб или млак проток на воздух. Ако климата работи, но не лади доволно, исчистете го или заменете го филтерот и проверете дали решетките за воздух не се блокирани. Доколку нема подобрување, најверојатно станува збор за недостаток на фреон или дефект во вентилаторот, што бара професионална поправка.
Во скопските станови често се случува климата да капе вода. Најчесто причината е запушен одвод за кондензат. Ако знаете каде се наоѓа цревото, можете сами да се обидете да го исчистите, но најсигурно е да повикате сервис за клима уреди во Скопје за темелно чистење.
Кога ви треба итен сервис во Скопје
Ако после сите проверки климата и понатаму не функционира, тогаш најголема веројатност е дека ви треба професионален итен сервис кој ќе ја дијагностицира причината и ќе го реши дефектот.
За да избегнете итни ситуации, потребно е да правите редовен сервис на климата еднаш годишно, најдобро пред почетокот на летната сезона. Чистете ги филтрите на секои еден до два месеца, не ја користете климата на екстремно ниски температури и проверувајте дали надворешната единица е чиста и непрепречена.
Со овие превентивни мерки, ќе ја продолжите работата на вашиот уред и ќе избегнете непријатни изненадувања, додека во случај на дефект секогаш е најдобро да се обратите кај професионален сервис за клима уреди во Скопје.
За сериозни дефекти секогаш е најдобро да се повикa итен сервис, особено кога климата испушта непријатни мириси, чудни звуци или воопшто не се вклучува.
Листа за проверка пред да повикате итен сервис
- Проверете го напојувањето
- Исклучете ја климата ако испушта чуднни звуци или мириси
- Проверете го протокот на воздух
- Проверете дали капе вода
- Повикај сервис за клими во Скопје