Toshiba Seiya е дизајниран со идеја за максимална удобност. Нуди ексклузивни карактеристики и високи перформанси со што секојдневната удобност е достапна за сите.
Односот меѓу перформансите и трошоците го прават SEIYA извондреден производ на пазарот. Сите капацитети нудат A++ и А+ перформанси за греење, што означува оптимален комфор заедно со исклучително ниска потрошувачка на енергија.
Иновација, ефикасност, најголема доверба, заштеда на енергија почит кон околината… Сите овие вредности се во срцето на се што правиме во Toshiba и АИРКОН.
Преку 50 години Toshiba им нуди на своите клиенти гарантирана прецизност, експертиза и гаранција за Јапонски квалитет.
Иновативната технологија со ротирачки компресор на TOSHIBA нуди исклучителни перформанси и највисока доверливост. Со минимизирањето на флуктуациите се осигурува константна температура, се зголемува ефикасноста како и елиминирањето на ризикот од превисока бучавост.
Инвертер технологијата на Тoshiba, овозможува SEIYA да го регулира капацитетот за греење и ладење постојано, преку постојано следење на брзината на компресорот.
Удобност од дома или од било каде со Toshiba Seiya.
Прилагодете го комфорот во вашиот дом преку идеална комбинација на ладење или греење. Идеално паметно решение без разлика каде сте во моментот. Кога сте дома едноставно заменете го далечинското со интуитивната smart апликација. Оваа апликација исто така ви овозможува и лесен пристап до вашиот клима уред додека сте надвор, со што ќе ја адаптирате климата според потребите на вашето семејство.
Сакате да си одите дома и веднаш да уживате во идеална температура? Едноставно, користете ја аппликацијата за да го проверите статусот, брзо и лесно нагодете го комфорот без разлика каде се наоѓате.
Toshiba постојано иновира за да им обезбеди ненадминлив квалитет и доверливост на своите клиенти. За да се намали бучавоста и да се подобри удобноста, SEIYA има “Silent” функција со која се намалува бучавата на надворешната единица, додека со својата “Quiet” функција се гарантира ниска бучава од внатрешната единица како и удобен сон.