Дизајниран е да ја зголеми удобноста во вашиот простор и да обезбеди супериорни перформанси за греење и ладење. Toshiba Haori е инвестиција во вашиот комфорт и удобност.
Без разлика дали сте во потрага за решение за греење или ладење, Toshiba Haori ќе ги задоволи сите ваши потреби.
Освен впечатливите способности за ладење и греење, Haori се издвојува со својот елегантен и современ дизајн. Совршено се вклопува во секој дом, неговиот минималистички естетски пристап го збогатува просторот без да ја компромитира функционалноста.
Обвиткан во врвна ткаенина направена во Белгија, HAORI може да се приспособи за естетски и беспрекорно да надополни различни ентериери. Ткаенината од багрем е позната по својата цврстина и издржливост и се спротивставува на избледување од изложување на сонце и други фактори на животната средина, обезбедувајќи живост на бојата со текот на времето.
Во срцето на Toshiba Haori е напредната технологија за ладење и греење, креирана да обезбеди брзо и рамномерно распоредување на воздухот низ вашиот простор. Опремен со компоненти со високи перформанси, овој клима уред гарантира дека секој агол од вашиот простор добива идеална температура.
Иновативна технологија за ротација на компресорот на TOSHIBA комбинира врвни перформанси со извонредна доверливост. Минимизираќи ги флактуациите со цел да се обезбеди постојана температура, така се зголемува ефикасноста, а притоа се елиминира и ризикот од инцидентен шум.
TOSHIBA инвертер техологијата му дозволува на Haori да го регулира капацитетот за греење и ладење во секое време, со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката.
Во денешниот свет, енергетската ефикасност е најбитна од сè. Toshiba Haori не само што ви обезбедува комфор, туку го прави тоа со минимална потрошувачка на енергија. Неговиот иновативен дизајн вклучува карактеристики за заштеда на енергија кои помагаат да се намали карбонскиот отпечаток, додека заштедувате на сметките за струја.
HAORI е рангирана во врвната енергетска класа А +++ во ладење и греење, во просечна зона. Ова резултира со многу мала потрошувачка на енергија во сите работни услови.
За да се обезбеди врвен квалитет на воздухот, моделите во оваа серија се со Ultra Pure филтер и плазма јонизатор. Со сигурност се отстрануваат 99% од штетните честички од воздухот, а бактериите, вирусите, мувлата, алергените и PM2.5 честичките веќе не се проблем.
Најважниот дел на HAORI лежи во неговата иновативна идеја за користење на покривка од ткаенина, овозможувајќи им на клиентите беспрекорно да го усогласат својот клима уред со нивниот внатрешен декор. Со HAORI, клиентите можат да го персонализираат своето искуство со ладење и греење, притоа додавајќи допир на дизајнерска софистицираност во нивните простори
Ваи Јен Чонг, управен директор за Сингапур, Малезија и Брунеи