A1 HQ
Headquarters A1 оператор
Најголемиот VRF проект во Централно-источна Европа. Толку голем што моравме да го ангажираме и најголемиот кран во Македонија.
- Вкупно инсталиран капацитет 926 kW
- Вкупно 296 внатрешни единици

Сите можни филтри
А+++ ефикасност
и SEER до 10,6
Решението #1 за зимата е Канарски. Решението #2 е да знаеш колку плаќаш за топлина. Внеси ги твоите цени во нашиот калкулатор за трошоци за греење и за 10 секунди види што е најевтино – а што е изгор скапо.
Пресметај бесплатно →Кога надвор ги има сите годишни времиња во еден ден.
Ќебе, сладолед, чадор, ракавици, тоа ли е решението?
Вистински климатизиран простор се чуствува, не се слуша или гледа.
Тишина не му требаше само на Перо Блажевски, тишина ти треба и тебе, кога ќе влезеш дома и кога нема да чуеш дека работи климата. За деца и комшии со бормашини се уште немаме решение.
Нашите клима уреди не ја играат играта: вклучи/исклучи во бесконечност. Toshiba инвертер системот константно го регулира капацитетот на уредот од 20% до 100%. Тука има многу наука, скоро магија.
Вистински клима уред (како оние ние што ги продаваме), вистински димензиониран по капацитет 85% од времето ќе работи во делумно оптоварување. Затоа толку троши.
И порано и сега Toshiba клима уредите траат и траат. Тука може да се вметне и фактот дека Toshiba Corp. го произведува првиот инвертер клима уред во светот во 1980, а ако си прв еднаш, секогаш си прв.
Омилената тема на скопјани од ноември до март. ПМ честици. Сите уреди имаат филтри кои го чистат воздухот дома до ниво: да ти е криво да луфтираш.
Headquarters A1 оператор
Најголемиот VRF проект во Централно-источна Европа. Толку голем што моравме да го ангажираме и најголемиот кран во Македонија.
Оператор на електропреносниот систем на Македонија
Најголемиот HVAC проект во Македонија до денес – изведен во повеќе фази. TOSHIBA решение за голем бизнис.
Банка која сака да започне ЕКО револуција
Клиент со огромна желба и истрајност да побара целосно решение, без компромиси. Предизвик.
Катна гаража која не личи на катна гаража
Не секоја катна гаража има способност да ве застане. Оваа подоцна доби и признание за архитектура.
Агенција за електронски комуникации
Мулти димензионален и модерен систем за греење, ладење и вентилација. Предизвик.
EVN Податочен центар
Високо прецизно и сигурно решение за новиот дата центар на електро дистрибутивната компанија. Предизвик.
Државни институции во објект „Нова Македонија“
Ладилен агрегат „Chiller“ за објектот во кој се сместени повеќе државни институции.
Топло, студено и добро вентилирано решение за едно кул место за вежбање
Млади, полни со енергија претприемачи со јасна идеја: да биде свежо и природно. Одговоривме на барањето – и тоа како.
Колку е голем просторот? На која страна на светот е изложен, не е исто ако имате 3 прозорци кон север или кон запад. Што е намената на просторијата, спална, детска, дневна? Не е исто. Има ли дополнителни извори на топлина? Сакаш да ја изладиш дневната, а немаш ѕид со кујната, шпоретот стоо.
Сакаш да ја решеташ фасадата со по една надворешна единица за секоја соба, или сакаш една единица која ќе опслужува неколку внатрешни. Изборот е твој.
Внатрешната единица го собира воздухот од просторијата, го филтрира и го лади или загрева преку соодветен изменувач на топлина. Ѕидните, парапетните, касетните и каналските модели се разликуваат по капацитетот, дизајнот и какви филтри имаат. Тие по желба може да се комбинираат, секако. Кај спуштените плафони, касетните единици може идеално да се интегрираат во плафонот. Ако пак клима уредот треба да е речиси невидлив, може да се монтира каналска единица во спуштениот плафон. За монтирање откако сте завршиле со сите мајстори , тогаш парапетните или ѕидните модели прават најмалку главоболки.
Вишокот топлина од внатрешноста на просторијата се извлекува и пренесува преку ладилниот флуид (магично) до надворешната единица. Топлината се изнесува до надворешната единица, а ладилниот флуид ита назад кон внатрешната единица. Имаме резултат: воздухот се лади. Која магија.. Исто ама обратно но не помалку магично и кога грееме. Бидејќи нашите уреди за секој kW струја магично прават најмалку 3 kW топлина. Која надворешна единица е вистинската, зависи од потребниот капацитет, како и од бројот на внатрешни единици што ќе се приклучат.
Знаеме дека некои сакаат да се јават и да си направиме муабет на телефон, супер, таму најдоле е телефонот.
Некои сакаат да се видиме тет-а-тет, супер еве подолу види кај сме.
Некои пак сакаат да си куцкаат, еве десно простор за вас, пополнете ги полињата и ние ќе ви откуцаме назад едно решение.
во Кисела Вода, кај студенстскиот.