Назад нагоре
Достапно по нарачка

Estia 5 Топлинска Пумпа

ESTIA Максимална удобност со минимален напор Топлинска пумпа воздух/вода ги комбинира ниските инвестициони трошоци...
Категорија:

ESTIA

Максимална удобност со минимален напор

Топлинска пумпа воздух/вода ги комбинира ниските инвестициони трошоци со најниски трошоци за оперативна употреба, а при тоа ефикасно го користи  воздухот како обновлив извор на енергија.

За сите оние кои сѐ уште се двоумат во генијалноста и ефикасноста на Toshiba ESTIA, погледнете ги визуелно карактеристиките и специфичностите на системот ТУКА. А, ние подолу ќе одговориме на Вашите ПЕТ најчести прашања поврзани со топлинските пумпи воздух/вода на Toshiba.

Топлинската пумпа ја користи енергијата на надворешниот воздух и со помош на ладилниот флуид ја пренесува на повисока температура која може да се употреби за греење.

Топлинската пумпа може да се користи на повеќе начини, за греење и ладење, за подготвување на топла вода. Се користи во новоградби или во адаптирани објекти со радијатори, подно греење, ѕидно греење или поддршка при греење на базени.

Потрошувачката зависи од различни фактори како: локалните услови, изолацијата на објектот и единствените потреби за греење. Сепак, генерално трошоците за греење во новоградби кои користат топлинска пумпа воздух/вода може да бидат и значително под 3000 денари.

TOSHIBA топлинските пумпи ги поседуваат сите потребни сертификати и ги задоволуваат сите услови за добивање грант/субвенција. АИРКОН директно соработува со субјектите кои ги нудат тие финансиски услуги.

Топлинската пумпа воздух/вода има ист работен век како и останатите конвенционални системи за греење. Поддржан со редовно одржување и гарантирана достапност на резервни делови во наредните 15 години.

Дознајте повеќе за ESTIA на овој линк. А, доколку Ви е потребна консултација и сакате да работиме заедно, закажете консултација на овој линк за HVAC и Ве очекуваме во просториите на AIRCON.

Сѐ уште нема кориснички мислења за овој производ.

Само најавени клиенти кои го купиле овој производ може да остават мислење.