Назад нагоре

ESTIA иднината на греењето и ладењето

Toshiba ESTIA топлинска пумпа воздух/вода е идеално и компактно решение за да ја достигнете посакуваната температура без разлика дали станува збор за ладење или пак греење. Ова е современ и напреден систем кој е независен од сезоната во која се употребува и истиот овозможува врвна енергетска ефикасност и целосна грижа за животната средина.

 

 

ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА ОД TOSHIBA

 

 

Енергетска ефикасност и грижа за животната средина

Намалувањето на емисиите на CO2 за 20% е една од главните заложби на Европската унија со рок до 2020 година. Најголем дел од овие емисии ЕУ препораките се за ефикасни системи за греење и ладење како и загревање на санитарна вода. Топлинските пумпи воздух/вода се сметаат за обновлива технологија, идеално решение за загревање на простор, загревање на санитарна вода и ладење во топлите месеци. Сето ова е возможно со врвна енергетска ефикасност и со целосна грижа за околината.

Best in class перформанси при ниски амбиентални температури

Сите верзии на ESTIA нудат извонредни перформанси, дури и кога надворешните температури се исклучително ниски. Оваа нова технологија овозможува поголема енергетска ефикасност, при делумно оптоварување оваа топлинска пумпа е лидер на пазарот.

 

 

Купи ја твојата TOSHIBA ESTIA

НАМАЛЕТЕ ГИ CO2 ЕМИСИИТЕ, УЖИВАЈТЕ ВО КОМФОРОТ И ЗГОЛЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ

ОПФАТЕНИ СИТЕ КАПАЦИТЕТИ, ОД 4 ДО 21 KW

Инвертер технологијата на Toshiba ја одржува внатрешната средина идеално на температурата на која сте ја поставиле, ладењето и греењето, односно капацитетот се регулира постојано со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката.

ESTIA ЗАСЕБНА ХИДРО ЕДИНИЦА

Компактната хидро единица во себе има интегрирано напредна технологија за контрола на температурата на водата, со што се овозможува оптимизирана дистрибуција кон сите потрошувачи. ESTIA овозможува греење и ладење на просториите во една или две зони, како и загревање на санитарна вода.

РЕЗЕРВОАР ЗА ТОПЛА ВОДА

ESTIA ”бојлерот” е компактен резервоар од нерѓосувачки челик кој е изолиран и се користи за сите потреби на домаќинството. Перформансите на целиот систем се максимизирани благодарејќи на интегрираниот коаксијален топлински изменувач кој ја користи топлата вода произведена од топлинската пумпа.

 

PLUG & PLAY РЕШЕНИЕ

Новиот далечински управувач со голем екран е едноставен, интуитивен и лесен за употреба. Има модерен дизајн, заднинско осветлување, нови икони и имате избор од повеќе јазици. Тој може лесно да се прилагоди и користи како втор далечински управувач и со тоа целиот систем е крајно едноставен. Вградениот софтвер ја регулира температурата на водата и ја оптимизира потрошувачката на ел. енергија. Истиот има седмичен програматор кој ја контролира дистрибуцијата на топла вода до двете зони и до бојлерот со топла вода. Имате целосна контрола, со 10 акции кои може да се програмираат за секој ден и ноќ од седмицата.

Купи ја твојата TOSHIBA ESTIA

Toshiba Estia топлинска пумпа

Доколку Ви е потребна помош, слободно закажете консултација на овој линк!