Ладење и Греење
Системот нуди ладење и греење според највисокото можно рангирање, тоа во комбинација со исклучителен SEER до 10.50 и SCOP до 5.20, означува дека вие добивате најдобри перформанси во класат преку целата година.
Најдобри перформанси
DAISEIKAI 9 нуди извонредни перформанси во сите клими и во сите временски прилики.
Енергетска заштеда
Инвертерот на Toshiba, комбиниран со технологијата Twin Rotary компресор ги максимизира енергетските заштеди и со тоа DAISEIKAI 9 овозможува најголем можен работен опсег.
ОСТАВЕТЕ ПОЗИТИВЕН БЕЛЕГ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Системот користи ладилен флуид R32, кој благодарејќи на својот мал потенцијал за глобално затоплување ќе биде еко-прифатливото решение за иднината, а DAISEIKAI 9 е далеку напред! Со намаленото полнење значително се намалуваат емисиите на гасови кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина.
Врвниот модел на Toshiba Daiseikai 9 веќе е достапен во АИРКОН.
Наградете се себеси со Јапонски квалитет!

Toshiba Daiseikai 9
Еко-дизајн полисата на Тoshiba заедно со новите цевки кои ги намалуваат истекувањата го намалуваат штетното влијание врз животната средина за време на целиот животен век на уредите.
Toshiba DAISEIKАI 9 ги исполнува сите барања на Европските стандарди за за животна средина, вклучувајќи го и Eurovent.
ПРИЈАТНА ТИШИНА
Со својот ултра тивок систем, бучавоста никогаш нема да биде проблем за DAISEIKAI 9. Внатрешната единица е екстремно тивка и работи со помалку од 20dB(A), ова често е перципирано како шепот за нашите органи за слух. Низ развојот, посветено е особено внимание за навистина да се сведе бучавоста на минимум.
УНИКАТНО НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕВАТА ОД НАДВОРЕШНАТА ЕДИНИЦА
Уникатните Silent Running modes на DAISEIKAI 9 му овозможуваат на корисникот намалена бучавост на единицата а со тоа да им овозможат дури и на соседите, спокојни ноќи. Со едно копче, првиот модалитет нуди совршен баланс меѓу, побарувачката за ладење и греење и намаленото ниво на бучавост на надворешната единица, додека пак, вториот модалитет ќе го намали нивото на бучавост на надворешната единица за -4dB(A) до 42dB(A), со што ќе ја приоритизира тишината наместо побарувачката за брзо ладење.
DAISEIKAI 9 е тестиран во Скандинавија за да се осигураме дека ќе ги исполни вашите барања. Кога надворешната температура почнува да паѓа, DAISEIKAI 9 ви гарантира супер-брзо греење. Единицата користи 3D smart airflow систем, со независни ламели и 6 насоки за неограничен комфор. DAISEIKAI 9 за зачувува позицијата на ламелите по автоматски рестарт, со тоа се минимизираат прекините и се максимизира удобноста. Системот автоматски се рестартира при пад на ел. енергија и самиот започнува со дијагностика. LED сијаличките на единицата дискретно означуваат која операција е активна во моментот.
КОНТРОЛА, СО ЕДЕН ДОПИР
Дизајнирани за да го направат вашето секојдневие едноставно Toshiba ви нуди далечинска контрола која ја зголемува удобноста.
-
3D Airflow
Единицата има 3D паметно струење независни ламели со 6 насоки за ултимативен комфор.
-
Plasma Прочистувач на воздухот
Креира, свежа и здрава околина. Го апсорбира и отстранува чадот, мирисите од храна и лошите миризби. Оваа функција може да се вкл/искл. со притискање на копчето PURE.
-
Тивка работа (надворешна единица)
Уникатната функција на Toshiba ја намалува бучавоста на надворешната единица за -4DB(A).
-
Седмичен тајмер
Седмичниот тајмер ви овозможува да поставите “on и off” времиња или програми за секои 24 часа. Температурата и ON OFF функцијата може да се програмираат до 4 различни нагодувања/дневно и 7 различни програми седмично. Нагодувањата може да бидат: ON/OFF, температура, Начин на работа и брзина на вентилаторот.
-
Камин во режим на греење
Уникатниот модалитет на Toshiba, овозможува оптимално искористување на топлината од вашиот камин или друг извор на енергија со тоа што вентилаторот на внатрешната единица ќе работи континуирано на ниска брзина дури и кога ќе го исклучите компресорот.
-
8°C греење
Го штити вашиот дом и покуќнината од ниски температури, додека не сте дома. Со ова DAISEIKAI 9 е идеален избор за зимата.
СЕКОГАШ, СЕКАДЕ...
Toshiba Daiseikai 9 Wi-Fi
Се со цел да се зголеми вашата удобност, Toshiba ви нуди далечински функции со кои ќе си го олесните секојдневието. Toshiba Daiseikai 9 ви нуди Wi-Fi решение (со опционален модул вграден во самата единица), со кое ќе можете да ја контролирате од секаде. Намалете ги трошоците и уживајте во комфорот, од далеку.
ДИЗАЈН И ДОВЕРЛИВОСТ
Иновацијата, ефикасноста, долготрајноста, заштедите на енергија, грижата за околината… Сите овие вредности се во срцето на се што правиме во Toshiba. Преку 50 години,Toshiba им овозможува на своите клиенти гарантирана прецизност и беспрекорен Јапонски квалитет.
Toshiba Daiseikai 9
Самата, Inverter технологија е изум на TOSHIBA, а истата му овозможува на моделот DAISEIKAI 9 да го регулира капацитетот на ладење и греење, постојано, со регулација на компресорот односно неговата брзина за да се достигне побарувачката. Сето тоа заедно со ексклузивниот Twin Rotary компресор ја гарантираат ефикасноста и неверојатната издржливост.

Врвниот модел на Toshiba - Даисеикаи 9 веќе е достапен во АИРКОН.
Наградете се себеси со Јапонски квалитет!
Toshiba Daiseikai 9
Доколку Ви е потребна помош, слободно закажете консултација на овој линк!